Научници од Јужна Кореја: Тестовите грешат, не можете двапати да се заразите од Ковид-19

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејските научници заклучиле дека пациентите кои имале Ковид-19 не можат повторно да го добијат по заздравувањето и за тоа се виновни неисправни тестови.

Научници од Јужна Кореја ги побиваат тврдењата дека заразените од коронавирус можат повторно да бидат инфицирани од вирусот.

Експертите се плашеа дека пациентите би можеле да се заразат со коронавирусот два пати – откако дури 10 отсто од оздравените од вирусот во Кина повторно беа позитивни на тестовите по пуштањето од болница.

Јужнокорејските научници заклучиле дека пациентите кои имале Ковид-19 не можат повторно да го добијат по заздравувањето и за тоа се виновни неисправни тестови.

Според јужнокорејскиот централен клинички одбор за контрола на настанувањето на болеста, позитивните резултати кај луѓето кои се негативни на коронавирусот се резултат на „фрагменти“ од вирусот кои лежат во нивните тела, а кои немаат сила да предизвикаат заболување или да заразат други.

Имаше податоци дека вкупно 277 пациенти се повторно заразени, што предизвика страв дека мутациите на вирусот би можеле да ги спречат пациентите да развијат имунитет, што би го искомплицирали и развивањето вакцина и би ја елиминирало можноста за постигнување колективен имунитет.

Сер Патрик Воленс, главниот научен советник на британската влада и професорот Крис Вити, главниот медицински советник на премиерот Борис Џонсон, претходно се обидоа да ја разубедат јавноста дека не може двапати да се заболи од коронавирусот.

Тие тврдеа дека оние кои еднаш го имале вирусот ќе развијат имунитет, а дека е реткост повторно да се добие заразната болест.

Воленс откри дека некои луѓе заболуваат од заразни болести по вторпат, но дека тоа е исклучително ретко и дека нема докази кои би сугерирале дека тоа може да се случи со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот