Научниците: Вообичаена ноќна навика го зголемува ризикот од мозочен удар

Фото: Профимедиа

Спиењето во нередовно време, односно во неправилни термини, може да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар, предупредуваат научниците.

Истражувачите тврдат дека дури и ако спиеме осум часа навечер, заспивањето во недоследно време го зголемува ризикот од овие смртоносни состојби за повеќе од една петтина.

„Правилноста на сонот може да биде поважна од должината на сонот во намалувањето на ризикот од големи кардиоваскуларни проблеми“, открил истражувачот и научник Жан-Филип Чапут кој ги анализирал податоците на повеќе од 72.000 луѓе за „Дејли експрес“.

Емили Мекграт, виша медицинска сестра во Британската фондација за срце, додала дека не е сосема јасно како спиењето го штити срцето, но познато е дека нарушувањата на спиењето го зголемуваат нивото на ЦРП, протеин кој укажува на воспаление поврзано со болести на срцето и крвните садови.

„Сонот, исто така, индиректно влијае и на здравјето на срцето бидејќи може да ги обликува нашите животни навики“, истакнала таа.

Во истражувањето учествувале 72.269 луѓе на возраст помеѓу 40 и 79 години, без историја на значителни проблеми со срцето. Учесниците носеле апарати за следење на активноста за да ги снимаат обрасците на спиење. Резултатите покажале дека луѓето со неправилни обрасци на спиење имале 26 отсто поголем ризик од проблеми со срцето и крвните садови, дури и по прилагодување на факторите како физичка активност.

Дури и умерено неправилните обрасци на спиење го зголемуваат ризикот за 8 отсто. Научниците заклучиле дека неправилностите во спиењето се „силно поврзани“ со зголемениот ризик од срцев и мозочен удар и дека редовниот сон треба да стане клучен дел од здравствените препораки.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот