Научниците се на чекор да откријат од каде се појави коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Примероците земени од пазарот за животни во кинескиот град Вухан на почетокот на пандемијата на ковид-19, обезбедуваат клучни докази за потеклото на коронавирусот, објави денеска светски тим од научници кои работат на проблемот, пренесува „Си-ен-ен“.

Вирусот првпат беше идентификуван во Вухан во декември 2019 година, а многумина се сомневаа дека пристигнал од пазарот за животни „Хуанан“ пред да премине на човекот, да се прошири низ светот и да убие речиси седум милиони луѓе.

Научниците го објавија прелиминарниот извештај врз основа на нивното толкување на податоците. Тие содржеле нови секвенци на вирусот САРС-КоВ-2 и дополнителни геномски податоци засновани на примероци земени од пазарот на живи животни во Вухан во 2020 година, пишуваат научниците.

Во примероците земени на пазарот на почетокот на пандемијта, имало траги од ДНК од заморчиња и другите животни подложни на вирусот кои можеби биле заразени, што претставува нова трага за откривање на синџирот на пренос што на крајот стигнал до луѓето. Прелиминарните заклучоци на научниците сугерираат дека вирусот се пренел од животно на човек по природен пат.

„Ова се надоврзува на збирот од докази што го идентификуваа пазарот „Хуанан“ како место на ширење на Сарс-КоВ-2 и епицентар на пандемијата на Ковид-19“, се вели во извештајот, напишан од Мајкл Вороби од Универзитетот во Аризона. Кристијан Андерсен од Калифорнискиот истражувачки институт Скрипс, меѓу другите, и Флоренс Дебар од париска Сорбона.

Извештајот додава повеќе детали за другите животни присутни на пазарот, во споредба со информациите протечени минатата недела, и покажува дека некои од примероците биле позитивни на САРС-КоВ-2 имале повеќе животински отколку човечки генетски материјал во нив.

Претставници на СЗО минатата недела изјавија дека информацијата не е конечна, но дека претставува нова трага во истрагата за потеклото на коронавирусот и дека е неопходно веднаш да се сподели.

Агенцијата на Обединетите нации претходно соопшти дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот остануваат на маса, вклучително и дека вирусот се појавил од лабораторија во Вухан која ги проучувала опасните патогени. Кина ја негира таа теорија. СЗО, исто така, рече дека повеќето докази укажуваат на тоа дека вирусот доаѓа од животни, можеби лилјаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот