Научниците откриваат: Едно однесување може да биде знак за деменција кај вашето куче

Фото: Pexels / lisa fotios

Новото истражување открива една клучна трага која може да ви помогне да препознаете дали на вашето возрасно куче му треба екстра нега, пишува „Ридерс дајџест“.

Американскиот кинолошки клуб вели дека за малите кучиња, златните години пристигнуваат на возраст од 7 до 10 години. За поголемите раси, тој период често пристигнува околу 6-годишна возраст.

Кога крзното на нивните лица почнува да белее и вие гледате знаци на дезориентација или збунетост, можеби и сте се запрашале дали кучињата добиваат деменција.

Неодамнешните наоди од Државниот универзитет во Северна Каролина се чини дека навестуваат дека когнитивната дисфункција може да се појави не само кај нашите сакани луѓе, туку и кај нашите домашни миленици.

Истражувањето дури сугерира дека симптомите на деменција меѓу овие два тесно поврзани цицачи може  и да покажат некои сличности.

Промените во однесувањето на кучето може да укажуваат на когнитивна дисфункција, од бесцелно талкање до заглавување во аглите на домот.

Студија објавена во „Фронтиерс ин ветеринари саенс“ (Frontiers in Veterinary Science) претставува интригантна опсервација – брзината со која се движат постарите кучиња може директно да корелира со нивното здравје на мозокот.

Д-р Наташа Олби, автор на студијата и истакнат претседател по геронтологија на Државниот колеџ за ветеринарна медицина, забележува дека „брзината на одењето кај луѓето е силно поврзана со когнитивното опаѓање, па истото може да биде и кај кучињата“.

Студијата вклучувала мерење на брзината на одење без поводник кај помлади кучиња, кои служат како контролна група и кај возрасните кучиња. Постарите кучиња биле подложени на дополнителни когнитивни тестови, а нивните сопственици пополниле прашалник за когнитивна проценка.

Наодите откриле дека постарите кучиња кои се движеле побавно покажале поизразен когнитивен пад, како што се мери преку прашалникот и когнитивното тестирање. Мерењето на брзината на одењето на кучето не е толку едноставно како што може да изгледа.

„Предизвикот со мерењето на брзината на одењето е тоа што кучињата имаат тенденција да одговараат на брзината на нивниот сосптвеник кога се на поводник“, објаснува Олби.

Ова ги наведе истражувачите да ги тестираат брзините на одење на поводник и без поводник.

„Откривме дека големината на поводникот е во корелација со брзината на движењето, но без поводник тоа не прави разлика. Снимањето на брзината на движењето без поводник ни овозможува да ги видиме ефектите и од физичката способност и од мотивацијата за храна“, додава Олби.

Постарите кучиња во последните 25 отсто од нивниот очекуван животен век биле побавни од возрасните кучиња, без оглед на нивната големина.

Овој пад, вели д-р Олби, ги отсликува човечките обрасци, каде што брзината на одење останува прилично конзистентна пред да опаѓа додека се приближуваме до последниот дел од нашите животи.

Д-р Олби ја нагласува длабоко вкоренетата врска помеѓу мобилноста и сознанието, и двата клучни маркери за морбидитет во функционалното стареење.

„Мобилноста во голема мера се потпира на сетилниот влез, централната обработка и моторниот излез – со други зборови, нервниот систем – и како резултат на тоа, мобилноста и сознанието се супер меѓусебно поврзани“, објаснува таа.

Намалената подвижност води до намален влез во нервниот систем, воспоставувајќи ја врската помеѓу брзината на одење и деменција.

За д-р Олби и нејзиниот тим, возбудливиот резултат од ова истражување е двоен: воспоставената корелација помеѓу брзината на одењето и деменцијата кај кучињата која го отсликува тоа и кај луѓето, и едноставноста на методологијата за тестирање, која е кратка и мотивирана од храна, лесно може да се примени од ветеринарите.

Со овие нови наоди, препознаените промени – особено во брзината на одење на вашето возрасно куче – може да бидат ран знак за когнитивно опаѓање.

Консултацијата со вашиот ветеринар и постојаното ажурирање со најновите истражувања обезбедува поинформиран пристап кон златните години на вашето домашно милениче, што подобро ќе ви даде моќ да му ја пружите најдобрата можна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот