Научниците открија: Потеклото на мастурбацијата датира уште од древните примати, пред 40 милиони години

Фото: Pexels/ Timon Cornelissen

Во новата студија, еволутивните биолози пишуваат дека потеклото на мастурбацијата датира уште од древните примати кои живееле на Земјата пред десетици милиони години, пренесува „Гардијан“.

Наодите произлегле од најголемата база на податоци која некогаш е собрана за оваа активност и потврдуваат дека и предците на човекот се самозадоволувале.

„Она што можеме да го кажеме е дека ова однесување било присутно пред околу 40 милиони години, кај заедничкиот предок на сите луѓе и човеколики мајмуни. Ова е древна особина која со текот на времето еволуирала“, рече д-р Матилда Бриндл, водечки истражувач на студијата.

Бриндл и нејзините колеги навлегле длабоко во историјата на однесувањето кај приматите, со надеж дека ќе го разберат потеклото на она што на почетокот изгледало како еволутивна загатка.

За да ја реконструираат историјата на чинот, научниците од „Универзитетски колеџ Лондон“, собрале стотици публикации, одговори на прашалници, лични белешки на приматолози и негуватели во зоолошки градини за мастурбацијата. Потоа, ги мапирале информациите и откриле како активноста се менувала со текот на времето.

Тимот на научници опишува дека мастурбацијата станала вообичаена меѓу приматите од сите полови и возрасти. Во биолошките студии се занемарувало истражувањето на женките, така што немале доволно податоци за ова истражување. Додека, за машката мастурбација, нализите утврдиле дека ги зголемува шансите за забременување на партнерката.

Исто така, научниците откриле дека зачестеноста на мастурбацијата кај приматите се зголемил со порастот на сексуално преносливите болести. Па, едно од објаснувањата е дека мастурбацијата после сексуален однос помага да се исчисти гениталниот тракт, со што се намалува ризикот од инфекции.

Бриндл вели дека се потребни повеќе податоци за да се утврдат еволутивните двигатели на мастурбацијата кај жените. Една идеја е, дека мастурбацијата пред сексуалниот однос им овозможува на женките да влијаат на тоа кој мажјак ќе ги оплоди.

“Ова е вообичаено однесување во светот на животните, па затоа е изненадувачки што никој претходно не го истражувал. Луѓето мислат дека мастурбацијата е погрешна или неприродна, но ова е совршено природно однесување и дел од нашето сексуален живот”, вели Бриндл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот