Научниците открија: Овој пијалак хидрира подобро од водата

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и за најдобар пијалак за хидратација, научниците докажаа дека, сепак, постои пијалак што повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Истражувањето од шкотскиот Универзитет „Св. Ендрус“ ги споредило реакциите на неколку различни пијалаци на хидратацијата. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е, сепак, подобро.
Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет „Св. Ендрјус“ и автор на студијата, еден од факторите е и количината на одреден пијалак. Исто така, еден од факторите е и хранливиот состав на пијалакот.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот.
Освен тоа, млекото во својот состав има и натриум, кој доведува до помало производство на урина.