Научниците открија нов извор на витамин Д: Во прашање е најомилениот летен зеленчук

vitamin d
Фото: Unsplash

Рибата и млечните производи се најдобри извори на витамин Д во исхраната, што им отежнува на оние кои се на растителна исхрана да добијат доволно есенцијални микронутриенти.

Сега тим од истражувачи дошол до потенцијален нов и вегански извор на витамин Д: ген од домати среден со помош на технологијата CRISPR-Cas9, пишува CNN.

Ако земјоделците и производителите го прифатат процесот комерцијално, овој домат би можел да помогне во решавањето на проблемот со недостатокот на витамин Д, кој според студијата погодува милијарда луѓе ширум светот.

– Ова возбудливо откритие не само што го подобрува човековото здравје, туку содржи и предности за животната средина поврзани со исхраната која се заснова на билки, која често е поврзана со предизвиците во обезбедувањето клучни витамини и минерали кои во голема мера се наоѓаат и биолошки се достапни во животинските производи – рече Гај Попи, професор по екологија на Универзитетот во Саутемптон.

Додатоците на витамин Д се достапни во многу земји, но коавторката Катја Мартин, професорка во Центарот Џон Инс во Норвич, Англија, рекла дека консумирањето домати е „многу подобро од земањето таблета“.

„Мислам дека прехранбениот извор на витамин Д во облик на растение исто така значи дека можете да ја добиете дополнителната корист од јадењето домати. Луѓето и онака не јадат доволно овошје и зеленчук. Доматите се добар извор и на витамин Ц“, рекла Мартин на брифингот за новинарите.

Студијата е објавена на почетокот на оваа недела во научното списание „Nature Plants“.

Главен извор на витамин Д за повеќето луѓе е храната, но нашето тело создава и микронутриенти кога кожата е изложена на УВБ-зраците, поради што понекогаш се нарекува и сончев витамин. Научниците искористиле сличен процес кога станува збор за доматот.

Соединението во кожата што може да произведе витамин Д е позното како 7-DHC, или провитамин Д3, а се наоѓа и во лисјата од домати и незрелиот зелен плод.

Истражувачите блокирале ген во доматите кој вообичаено го претвора провитаминот Д3 во холестерол, што му овозможило на провитаминот Д3 да се акумулира во зрелиот плод на доматите.

Со цел провитаминот Д3 да се претвори во витамин Д3, кој му помага на нашето тело, доматот е третирани со УВБ-зраците. Студијата покажа дека провитаминот Д3 во еден домат, откако ќе се претвори во витамин Д3, ќе биде еквивалентен на количината на витамин Д3 содржана во две јајца со средна големина или 28 грама туна.

Една студија во Британија проценува дека одгледувањето домати на отворено, каде што би биле изложени на природна сончева светлина, автоматски би резултирало со претворање на 7-DHC во витамин Д3.

„Дозревањето на првите плодови се очекува до крајот на јуни“, рекла Мартин и додала дека „доматите исто така може да се сушат на сонце по берењето, со што ќе се елиминира потребата за третирање со УВБ-зраците“.

Британскиот парламент усвои нов закон, претходно оваа година, кој беше осмислен да го олесни испитувањето на генетски уредените култури.

„Техниката за блокирање на гените, која истражувачите ја ставаат на располагање со објавувањето на трудот, може да се примени и на други видови растенија како пиперки, чили, модар патлиџан и компири“, рекла Мартин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот