Научниците дојдоа до загрижувачки резултати: Пациентите кои прележале ковид-19 имаат поголема веројатност да развијат згрутчувања на крвта

Unsplash
Фото: Unsplash

Пациентите кои прележале ковид-19 имаат поголема веројатност да развијат згрутчувања на крвта, покажале резултатите од студијата спроведена на Универзитетот во Бирмингем.

Истражувачите открија врска помеѓу прележана или активна дијагноза на ковид-19 и венската тромбоемболија, опасни форми на крвни згрутчувања по операцијата.

Пациентите кои имале ковид-19 во претходните шест недели пред операцијата, имале поголема веројатност да развијат венска тромбоемболија. Оваа состојба е позната компликација на операцијата, иако истражувачите сѐ уште не утврдиле зошто инфекцијата со коронавирусот ја предизвикува.

Истражувачите собрале податоци од 128.013 пациенти од 115 земји кои имале различни операции во 1.630 болници.

Пациентите беа класифицирани во четири категории – контролна група која немала ковид-19, група која имала активен ковид-19, група која прележала ковид-19 во претходните шест недели и група која прележала болест која ја предизвикува коронавирусот пред најмалку седум недели.

Нивната цел била да откријат колку пациенти развиле венска тромбоемболија во рок од 30 дена по операцијата.

Во контролната група, 666 од 123.591, или 0,5 отсто, развиле крвни згрутчувања.

Од оние кои во моментот на операцијата имале ковид-19, откриено е дека 50 од 2.317 развиле крвни згрутчувања. Од 953 пациенти кои неодамна се опоравиле од ковид-19, на 15 им се појавиле згрутчување на крвта.

Конечно, околу еден отсто од пациентите кои пред најмалку седум недели прележале ковид-19 – венска тромбоемболија развиле 11 од 1.148 пациенти.

Истражувачите ги прилагодиле податоците на другите фактори кои можат да доведат до развој на згрутчување на крвта, како што се возраста и историјата на згрутчувања на крвта.

По прилагодувањето, тие откриле дека оние кои неодамна прележале ковид -19, биле во најголем ризик од венска тромбоемболија – кај нив шансата да ја развијат оваа компликација била дури 90 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот