Научници тренираат стаорци да најдат жртви во урнатини предизвикани од земјотреси

Тим научници од Шкотска неодамна започнале проект за обука на стаорци да пронаоѓаат жртви меѓу урнатини предизвикани од земјотреси и да помогнат истите да бидат побрзо спасени, пренесуваат странските медиуми.
На оваа идеја дошла 33-годишната научничка Дона Кин од Глазгов, а до сега седум стаорци поминале низ обуката која, како што вели, трае само две недели. Кин истакна дека е зачудена од брзиот напредок на овие животни и нагласи дека тие се многу социјални суштества и дека не треба да се судат врз основа на „заблуди дека се валкани и нехигиенски животни“.
I train these clever creatures to save victims trapped in collapsed buildings after earthquakes. We kit them out with a rat backpack, and train them to trigger a switch when they find a victim & come back for a tasty treat 🐀#herosnotpests #science #weirdjobs #WomenInSTEM pic.twitter.com/728IQv70NX
— Dr Donna Kean (@donnaeilidhkean) May 26, 2022
Иако сè уште не се пуштени на вистински терен, научничката истакна дека на стаорците им била обезбедена просторија опремена да изгледа како истата да била уништената од земјотрес, а стаорците на себе имале соодветна опрема – минијатурни ранци сошиени по мерка кои вклучуваат микрофон, уред за следење и видео опрема, успеваат да најдат преживеани, па дури и да ѝ помогнат на спасувачката служба да стапи во контакт со жртвите.
„Стаорците можат да се вовлечат во најмали бездни и да стигнат до жртвите заробени во урнатините. Тие се многу агилни и одлични за навигација во средини како оваа“, објасни таа, додавајќи: „Тие се обучени да реагираат на звучен сигнал и да се вратат во базата“.
Here’s a bonus outtake 😂🥴 pic.twitter.com/l9RAmzgNJB
— Dr Donna Kean (@donnaeilidhkean) May 30, 2022
Наскоро животните ќе бидат испратени да соработуваат со спасувачка екипа во Турција, земја која е подложна на чести земјотреси, каде истите ќе имаат можност да се покажат на вистински терен.
„Ние сме единствената организација која работи со стаорци. Луѓето претежно тренираат кучиња кои досега биле користени за овие цели бидејќи се знае дека можат да чувствуваат сеизмички бранови. Сепак, стаорците имаат предност поради нивната големина и флексибилност. Се надеваме ова ќе спаси животи, резултатите се ветувачки “, заклучи Кин.