Научна трибина – Педагогијата денес и утре

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, денеска организира научна трибина што традиционално се одржува по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24 – мај, насловена „Педагогијата денес и утре”.

На настанот, што ќе се одржи на Филозофскиот факултет, според организаторите, воведни обраќања ќе имаат заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофски факултет Ратко Дуев, Дамир Матановиќ, декан на Факултетот за воспитни и образовни науки на Универзитет „Јосип Јурај Штросмаер” – Осијек, Хрватска, Јасмина Делчева Диздаревиќ, раководител на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет – Скопје.

На трибината повеќе професори ќе имаат пленарни излагања на теми: „Образованието денес и утре”, „Скриен курикулум во современото училиште”, „Воспитно-образовната практика – состојби и насоки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот