Научна студија: Ако доите подолго, децата ќе имаат подобри резултати на тестовите во училиште

Фото: Пекселс/ Анастасия Войтко

Дали децата биле доени и колку долго, може да има влијание врз нивните резултати од тестовите кога ќе бидат адолесценти, сугерира новото научно истражување, објави Си-ен-ен.

Извештајот , објавен во понеделникот во списанието „Архивс оф дизис ин чајлдхуд“ (Archives of Disease in Childhood), следеше околу 5.000 британски деца од нивното раѓање во раните 2000-ти до последната година од нивното средно образование, според водечкиот автор на студијата д-р Рене Перејра-Елијас, докторант и истражувач во Националната единица за перинатална епидемиологија на Универзитетот во Оксфорд.

Децата биле поделени во групи врз основа на тоа колку долго биле доени: воопшто, неколку месеци или една година и повеќе. Истражувачите потоа ги споредиле резултатите на децата од тестирањето за општ сертификат за средно образование во Британија, тест кој се прави во последните години од средното образование.

„Она што го откри истражувачкиот тим е дека има скромно подобрување во резултатите од тестовите поврзани со подолго доење“, изјави Перејра-Елијас.

Во споредба со оние кои никогаш не биле на мајчино млеко, децата кои биле доени најмалку 12 месеци имале 39 отсто поголема веројатност да имаат висок успех на испитите по математика и општиот сертификат за средно образование GCSE (General Certificate of Secondary Education) и 25 отсто помали шанси да паднат на испитот по англиски јазик.

„Но, тоа не значи дека секое семејство мора да го дои своето дете“, изјавил Перејра-Елијас.
„Не е возможно секое семејство да дои, а оние што не дојат, не треба да се срамат или да се чувствуваат виновни што можеби ги ставаат своите деца во неповолна положба“, изјавил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот