Научна анализа покажува: Јадете сирење и ќе бидете посреќни во животот

Опсежната генетска анализа покажа дека луѓето со подобро ментално здравје имаат тенденција да живеат подолг и поздрав живот, а одредени навики, како што е јадењето поголеми количини сирење, може да имаат значајна улога во тој ефект, пишува „Саенс алерт“.

Истражувачите во Кина не ги анализирале гените на милиони Европејци само за да покажат дека „гаудата“ е добра работа, но тоа е еден од резултатите од студијата што добива посебно внимание.

Голем број претходни набљудувачки студии открија дека среќата може да влијае на тоа како старее една личност. Новата студија користеше аналитички метод познат како Менделова рандомизација, што е вредна алатка за истражување на факторите кои влијаат на нашите гени и водат до одредени здравствени исходи.

Во осум различни групи податоци за европската популација, од кои секоја вклучува меѓу 38.000 и 2,4 милиони лица, истражувачите пронајдоа потенцијални докази за тоа што придонесува за подобро ментално здравје, мерено преку задоволството од животот и доброто расположение, но и состојби како што се невроза и депресија. Студијата дошла до податоци за тоа што може да ви помогне да живеете подолго и поздраво.

„Нашата студија нуди охрабрувачки докази дека подобрувањето на менталното здравје е остварлив пат кон здраво стареење, без оглед на социо-економскиот статус на поединецот“, заклучуваат авторите.

Тимот на научници истражуваше кои фактори може да ја поттикнат каузалноста помеѓу менталната благосостојба и здравото стареење, вклучувајќи пушење, начин на живот, употреба на лекови, вежбање, количина на мускулна маса, присуство на болести како што се дијабетес и рак.

Сирењето стапува на сцена

Резултатите, собрани од 33 луѓе, покажаа дека оние кои пријавиле дека јаделе повеќе сирење и овошје имале повисоки резултати за ментална благосостојба.

Конзумирањето повеќе сирење го подобрува позитивното влијание врз здравјето и животниот век за 3,67 отсто, додека пушењето цигари, на пример, се покажало дека има негативно влијание врз здравствените фактори за 4,56 отсто. Редовното консумирање овошје има позитивно влијание од 1,96 отсто.

Интересно, истражувачите откриле дека времето поминато во гледање телевизија е факторот на животниот стил со најголемо негативно влијание врз здравствените фактори за време на стареењето: тоа имало влијание од 7,39 проценти.

И покрај тоа што „премостувањето на јазот помеѓу менталното и физичкото здравје е многу сложена работа и ниту една студија не може да ја објасни секоја можна променлива што би можела да влијае на нашето здравје како што старееме“, авторите на ова ново истражување тврдат дека нивната студија е „прецизна и исцрпна“ во разгледувањето на можните влијанија, барем кај луѓето со европско потекло.

Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се разгледа зошто јадењето сирење може да има толку голем ефект врз здравото стареење, во споредба со, да речеме, јадењето овошје.

Иако храната со висока содржина на масти често се смета за лоша за човековото здравје, студиите сугерираат дека умереното консумирање на млечни масти може да го намали холестеролот и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести и смртност од сите причини.

Полномасните млечни производи, како што е сладоледот, се поврзани со полошо ментално здравје, но некои видови сирење може да имаат различни ефекти кога ќе бидат вклучени во менито на личност која има добро балансирана исхрана.

Во една неодамнешна студија во Јапонија, на пример, поголемата потрошувачка на сирење е поврзана со подобра когнитивна функција, а некои други истражувања сугерираат дека сирењето може да ги стимулира допаминските патишта во мозокот, што доведува до чувство на задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот