4 C
Скопје

Научете како правилно да го држите детето и да ја намалите болката во грбот

Речиси секое движење на мајката, од менување пелени до прилагодување на седиштето во автомобилот, ги движи вашите раменици кон напред, а сето тоа ги оптоварува грбот и ‘рбетот.

Кога ќе добиете дете, не сте ни свесни колку сите овие работи околу бебето влијаат на вашиот грб и ‘рбетот. Затоа ви ги донесуваме најдобрите совети за тоа како треба да го кревате и носите детето, како да ги прилагодите рачките на количката, како полесно да го внесете детето во автомобил, итн.
Речиси секое движење на мајката, од менување пелени до прилагодување на седиштето во автомобилот, ги движи вашите раменици кон напред. Како последица на тоа, мускулите во вашиот грб се однесуваат како кога паѓате и дополнително се трудат да ве исправат, дополнително истегнувајќи го вашиот грб. Ако го знаете најдобриот начин за носење, кревање и туркање на вашето бебе додека е во количката, тоа ќе ви помогне да го одржите грбот во најдобрата форма.

 

Носилки за бебе

Повеќето популарни носилки на бебиња имаат ергономски облик и рамномерно ја распоредуваат тежината преку рамената и горниот дел од грбот. Тоа ви овозможува да ги вклучите вашите стомачни мускули и грбот за да го носите бебето удобно подолго време, без да чувствувате замор. Внимавајте добро да ја прицврстете носилката на подрачјето на рамото и околу половината, бидејќи лошо поставените носилки, исто така, можат да ги влечат рамената напред.

Прочитајте и...  7 типа на болка во градите, кои никако не треба да се игнорираат

Кревање и носење на детето

Пред да го кренете детето од креветчето, замислете како го вовлекувате и кревате долниот дел од стомакот, како кога сакате да облечете тесни фармерки. Вдишете додека се навалувате, свиткани од колковите, а издишете кога го кревате детето.
Држете го детето што е можно поблиску до центарот на телото. Колку е поблиску детето до центарот, толку е помал притисок врз вашиот грб. Обидете се да го задржите ‘рбетот во неутрална положба, но избегнувајте да се потпирате наназад за да го намалите притисокот во рамената. Исто така, не носете го детето на страна, односно на колкот, бидејќи тоа го оневозможува ‘рбетот да остане исправен, предизвикувајќи замор и болки во грбот, колковите и рамената.

 

Доење

Додека доите, обидете се да седите исправено и полека да го принесувате бебето до градите за да избегнете навалување напред. Перницата за доење ќе ви помогне да го кренете детето до висината на градите и ќе ви ја пружи потребната поддршка. Менувајте ги положбите за време на доењето за да избегнете премногу напрегнување на одредени групи мускулите. По доењето, кренете ги рацете и преклопете ги зад главата. Потоа, повлечете ги рамената наназад и останете во таа положба 20 секунди за да ги истегнете градите.

Прочитајте и...  Гал Гадот по доделувањето на „Златните глобуси“ сподели среќна вест со своите обожаватели

Прилагодување на количката

Еве еден мал совет за тоа како да ја прилагодите висината на рачката на количката. Ставете ги рацете на колковите и почувствувајте ги малите испакнатини. Рачката на количката треба да биде отприлика на таа висина.

Седиште во автомобилот

Најбезбедната положба за автомобилското седиште за детето е во средината на задното седиште, но ставањето и вадењето на седиштето со детето е фатално за вашиот грб. Затоа, подобро е да го оставите седиштето постојано во автомобилот, но ако сакате да го носите детето во него, ова е една од техниките што можете да ја испробате. Ако влегувате во автомобилот од десната страна, отворете ја вратата и вметнете го седиштето внатре. Потоа поставете ја десната нога на прагот и, држејќи ги колената опуштени, стиснете ги стомачните мускули додека го кревате седиштето и го местите во базата. Истото повторете го и при вадењето на седиштето. Кога вашето дете ќе достигне 6 кг, најдобро е веќе да не го вадите седиштето.

Прочитајте и...  Д-р Крстеска: Со протоколот на липосукциска исхрана, мастите се претвораат во енергија

 

Торба за пелени

При изборот на торба за пелени избегнувајте ја онаа што се носи на едното рамо. На тој начин ќе ги оптоварите раката, вратот и грбот и ќе го искривите држењето на телото. Наместо тоа, одберете „поштарска“ торба што ќе ја носите преку телото и со тоа рамномерно ќе ја распоредите тежината. Ако вашата торба за пелени тежи повеќе од 11 кг, одберете ранец за да спречите повреди. Ако, сепак, се одлучите за торба која се носи на едното рамо, не заборавајте да ја преместувате торбата од едното рамо на другото за да го намалите оптоварувањето.
При изборот на торба за пелени, одберете „поштарска“ торба што ќе ја носите преку телото и со тоа рамномерно ќе ја распоредите тежината. Ако вашата торба за пелени тежи повеќе од 11 кг, одберете ранец за да спречите повреди.

Поврзани вести

„Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

Слободен печат

ВИДЕО | Сон на секој што чува домашно милениче и нема двор: Лола е куче што користи нокшир!

Слободен печат

Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Слободен печат

ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Слободен печат

Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Слободен печат

ФОТО: Максимализам, новиот популарен тренд во уредување на домот

Слободен печат

Остави Коментар