Натпросечно топло, од вторник заладување

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето и денеска ќе биде натпросечно топло, но ќе има мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени додека дневните ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 33 степен.

Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а
дневните температури значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта
кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во
вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.

Минималните температури во вторник ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните до 25 степени. Во текот на следните денови температурата ќе опаѓа и ќе достигне до 21 степен.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот