Натпросечната интелигенција се одразува и во начинот на кој јадете

На многумина можеби ќе им звучи смешно, но едно истражување покажало дека доколку се измачкате или се накапете додека јадете, тоа е показател на интелигенција. Луѓето тоа најчесто го сметаат за неспретност, но тука станува збор за нешто сосема поинакво.

Постои разлика во начинот на кој високоинтелигентниот човек го користи својот мозок во споредба со луѓето со пониска интелигенција.

„Колку вашиот мозок е понеорганизиран, толку сте поинтелигентни. Со други зборови, не е работата во тоа дека сте неспретни, туку дека другите работи ви се многу поголеми приоритети од пијалакот што го консумирате“, објаснува авторот на истражувањето Стив Џонсон.

Останати карактеристики кои покажуваат натпросечна интелигенција се:
– Лесно пронаоѓате поврзаност меѓу на прв поглед неповрзани информации
– Сочувствувате со другите
– Духовити сте
– Имате силна самоконтрола
– Сакате да бидете сами
– Отворени сте за нови идеи
– Свесни сте за своето незнаење
– Лесно се прилагодувате на нови ситуации и нови луѓе
– Повеќе ја сакате ноќта отколку денот
– Тешко нешто ве попречува и ве деконцентрира во работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот