Натпреварот вреден 50 милиони евра без победник, Вердер остана во Бундеслигата

EPA-EFE/RONALD WITTEK

Екипата на Вердер и во наредната сезона ќе игра во германската Бундеслига откако во реваншот од баражот против Хајденхајм одигра 2:2 и тоа на гости. Првиот натпревар во Бремен заврши без голови.

Вердер Бремен конечно ја заврши една од најслабите сезони во поновата историја, но на крајот остана во Бундеслигата.

Натпреварот вреден 50 милиони евра, толкава сума ќе добие екипата учесник во Бундеслигата само од ТВ правата, заврши без победник, во првиот дуел одигран во Бремен немаше голови, додека реваншот заврши 2:2 и Вердер поради гол повеќе на гостински терен останува во Бундеслигата.
Натпреварот започна со автогол, во третата минута Тојекоф ја смести топката во сопствената мрежа и му донесе водство на Вердер кој беше далеку подобар противник, но не успеа да победи.

Клајндинст донесе изненадување со голот во 85. минута и ги задржа шансите на Хајденхајм да дојде до триумф и историски пласман во Бундеслигата.
Последните минути од натпреварот беа максимално неизвесни и во нив паднаа два гола, Вердер си голот во 94. минута на Аугустинсон си го обезбеди опстанокот во Бундеслигата, додека Хајденхајм се спаси од пораз во 97. минута кога Клајндинст го реализира пеналот.

Претходно директен пласман во Бундеслигата како две најдобри екипи во Цвајта обезбедија Арминија Билефелд и Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот