Натпреварот со Македонија ќе биде од најтешките за нас
Утре репрезентацијата на Македонија ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство и тоа против селекцијата на Украина.
И двете репрезентации во натпреварот влегуваат по поразите во воведното коло, Македонија загуби од Австрија со 3:1, додека Украина и поразена од Холандија со 3:2.
Украинците кои на ЕП имаат големи амбиции, односно најмалку да ја поминат групната фаза, планираат да се „вадат“ против избраниците на селекторот Игор Ангеловски, но исто така се свесни дека тоа нема да биде лесен предизвик.
Напаѓачот на Гент, Роман Јаремчук смета утрешниот натпревар против Македонија ќе биде еден од најтешките за неговата репрезентација во последните години.
– Македонија можеби нема играчи како Депај, Де Јонг или Вајналум, но имаат вистински тимски дух кој секој може да го почувствува. Македонија на теренот излегува со своја идеја и мисија и фудбалерите се борат до последниот миг од натпреварот за тоа. Ова ќе биде еден од најтешките натпревари за нашата репрезентација. Ние мора да се фокусираме на нашата игра, да бидеме агресивни, но и да го респектираме противникот – вели Јаремчук.