Натпреварот Македонија – Косово ќе се игра пред празни трибини

Фото: ФФМ

Иако се уште нема официјална одлука од УЕФА, повеќе од извесно е дека натпреварот од полуфиналето во Лигата на нациите помеѓу Македонија и Косово, ќе се одигра пред празни трибини.

Според календарот на УЕФА полуфиналниот бараж дуел, кој може Македонија да ја однесе и на Европското првенство, доколку прво го совлада Косово, а потоа и во финалето биде подобра од победникот од дуелот меѓу Белорусија и Грузија, ќе се игра на 8. октомври на Националната Арена „Тодор Проески“.

Според „Лекип“, УЕФА размислува за вакво сценарио и се очекува во најскоро време и официјално да ја потврди оваа одлука.
Исто така УЕФА донесе одлука поради пандемијата на коронавирусот, репрезентативните активности во септември и октомври во кои Македонија ќе игра во новото издание на Лигата на Нации како и бараж полуфиналниот дуел со Косово, ќе се одиграат исто така пред празни трибини.

Македонија на стартот во Лигата Ц од новото издание на Лигата на Нации ќе игра против Ерменија на 5. септември.

УЕФА претходно одлучи сите натпревари во квалификациите во европските натпреварувања како и завршницата од оваа сезона да се играат без присустно на гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот