Натпреварите против Италија и Естонија ќе ги играме во февруари

Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација ќе се врати од балонот во Талин без да одигра официјален натпревар како резултат на зголемен број на членови на делегацијата позитивни на ковид-19.

Меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревари кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре.

Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а мечевите против соодветната репрезентација на Италија, односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален „прозорец“ од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден „балон“ во февруари идната година.

Во рамките од нашата квалификациска група „Б“ вчера Русија убедливо со 84:56 славеше против Естонците. В понеделник Русите ќе одиграат уште една средба против Италија.

Моментно на табелата води руската селекција со пет бода пред Италија и Естонија кои имаат по четири, а последна е Македонија со два.

Нови позитивни случаи на ковид-19 го одложија и дуелот со Естонија!

Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот