Натпревар за „Св. Трифун“ во Неготино: Дегустација на вина и ракии од индивидуални производители

Празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун” годинава ќе биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без масовни собирања и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од ковид-19, информира денеска градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

– Една од активностите ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители, на кој право на учество имаат сите производители кои во периодот до 10 февруари 2021 година ќе ги достават потребните мостри на ракија и вино, соопшти Делков.

Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија од членови на Здружението на енолози, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот