„НаТочак” постави бел точак на местото каде загина Билаљ Љамалари за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир

фото МИА

„НаТочак” вечерва постави бел точак (ghost bike) на локацијата во Скопје каде Билаљ Љамалари го изгуби својот живот по сообраќајниот судир во кој тој возејќи точак беше удрен на пешачки премин од 20 годишно момче кое возело автомобил над пропишаната брзина.

Од „НаТочак” информираа дека во негова чест е поставен бел точак за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир, но и за спомен на Билаљ.

– Многубројните сообраќајки (судири или удари) и условите кои бараат екстремна снаодливост и вештини дополнително негативно влијаат на одлуката луѓето да користат точак како превозно средство бидејќи се чувствуваат небезбедни. Само најхрабрите се одлучуваат да се качат на точак, додека децата, родителите со деца, постарите граѓани, лицата со посебни потреби (кои би можеле да користат специјални велосипеди) поради степенот на загрозеност го немаат изборот да се движат на точак, посочуваат од „НаТочак”.

Оттаму истакнаа дека сите акции и кампањи за подигање на свеста за совесно возење автомобил кои се борат со овој проблем треба да имаат позадина која и физички ќе го наложи тоа, односно соодветна инфраструктура, а потоа и редовно контролирање и соодветно и сериозно казнување на прекршоците.

Имено, покрај поставувањето на бел точак, вечерва членовите на иницијативата „Ноќна Критична Маса #87: Бараме мерки за ноќните ѕверки!”, организираа ноќно возење со велосипеди со барање за мирни ноќи, без бучава и турирање, безбедни улици и безбедно движење за сите.

Досега „НаТочак” има поставено повеќе бели точаци за загинати велосипедисти во сообраќајот.

Ова здружение ја организира и 87. Критична маса насловена „Бараме мерки за ноќните ѕверки“. Таа е посветена на безбедноста во сообраќајот и на системските промени што треба да се направат за да се заштитат поранливите категории граѓани.

Како што е најавено, учесниците ќе се соберат во 21.00 часот на плоштад „Македонија“ и ќе возат по булеварите пред ТЦ „Мавровка“, Олимпискиот базен и Црвениот крст, „Рамстор”, „Нова Македонија“, Соборниот храм, Владата, Градскиот парк, А1 Арената „Борис Трајковски“, Воената болница, ТЦ „Лептокарија“ и по „Партизански Одреди“ до Плоштадот со завршување во Паркот на Жената борец.

Ноќна „Критична маса“ за поголема безбедност во сообраќајот

Инфраструктура за посакуваното однесување во сообраќајот, семафорски систем прилагоден на потребите на најранливите, а не на заштитените во возилата, праведно квалификување на злоделата во сообраќајот, се дел од барањата на оваа организација.

Ноќна „Критична маса“: „На точак“ побараа мерки за ноќните ѕверки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот