НАТО вети дека нема да ги заборави Авганистанците кои не се евакуирани

Бегалци од Авганистан / Фото: EPA-EFE/AKHTER GULFAM

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска оцени дека е „неопходно” аеродромот во Кабул да остане отворен и вети дека нема да бидат заборавени оние кои се обидуваат да избегаат од талибанскиот режим во Авганистан по заминувањето на последните американски војници.

– Одржувањето отворен аеродром е од суштинско значење, како за да се обезбеди хуманитарна помош за народот во Авганистан, така и за да бидеме сигурни дека можеме да продолжиме со евакуација на луѓето, оние кои сакаат, но не можеа да си заминат, истакна Столтенберг.

Според него, НАТО е посветен на продолжување на работата за евакуација на Авганистанците.

– Нема да ги заборавиме, додаде Столтенберг.

Пентагон синоќа соопшти дека американската војска го напуштила Авганистан

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот