НАТО реагира: Акцијата на косовската полиција е „акција за спроведување на законот“

Косовска полиција / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Според „Коха“.нет, за мисијата на КФОР на Косово и Метохија биле информирани и НАТО, кои биле во комуникација со властите.  

Претставник на НАТО за Радио Слободна Европа изјавил дека „косовската полиција спроведува операција за спроведување на законот низ Косово“ и дека мисијата на КФОР, предводена од НАТО, е во постојана комуникација со сите релевантни институции на Косово и со претставници на меѓународната заедница.  

Официјалните претставници на НАТО повторуваат дека мисијата на Алијансата на Косово „останува целосно фокусирана на секојдневното спроведување на мандатот на ОН, според Резолуцијата 1244 од 1999-та година, и продолжува да обезбедува мирна, безбедна средина“ и слободно движење за сите заедници кои живеат во Косово “.  

Во реакцијата на овој претставник на НАТО се наведува и дека „КФОР продолжува да помага во спроведувањето на најновиот договор за ескалација на тензиите постигнат од страна на Белград и Приштина во рамките на дијалогот овозможен од ЕУ“.  

Косовската полиција соопшти дека во оваа акција е запленета стока „шверцувана во износ од стотици илјади евра, што служи како материјален доказ, и која била на различни локации, деловни простории, магацини итн.“

Косовската полиција соопшти дека осум лица се уапсени и приведени. Во меѓувреме, уште десет лица се прогласени за барани, осомничени за вмешаност во криумчарење стока. 

Косовска полиција: Во денешната акција повредени 6 полицајци и 3 лица уапсени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот