НАТО подигна два Еурофајтери во Италија поради хрватски Ербас

Авиони/Фото: EPA/FRANCO LANNINO ANSA

Италијанските медиуми јавуваат дека контролата на летови ја изгубила радио врската со хрватскиот Ербас 320 откако тој навлегол во италијанскиот воздушен простор. Тоа бил лет од Стокхолм за Рим утрово во 9 часот.

Откако изгубил контакт со авионот, Центарот за воздушни операции во Торехон, Шпанија, издал наредба за покренување на авионите. Во Торехон во близина на Мадрид, воздушната база на НАТО е задолжена за контрола на небото на јужноевропските земји, од каде што исто така беше спроведена истрага за тоа кој го лансирал беспилотното летало кон Загреб.

Според Ил Матино, благодарение на поддршката од земја, борбените авиони без проблем стигнале до хрватскиот Ербас и ги извршиле сите потребни проверки и утврдиле дека нема закана, по што се вратиле назад во базата. Набргу потоа била воспоставена радио врска со авионот.

Ил Матино додава дека противвоздушната одбрана на Италија работи 365 дена во годината 24 часа на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот