НАТО очекува Македонија напролет да стане 30-та членка на Алијансата

Фото: МИА

НАТО очекува напролет Северна Македонија да стане членка на Алијансата. Тоа го изјави денеска претставничката на САД во НАТО, Бејли Хачинсон на брифинг во Брисел.

Истакна дека Протоколот се уште не е ратификуван во Шпанија, која пред извесно време доби Влада.

– Мислам дека до летото знамето на Северна Макеоднија ќе биде до другите 29 знамиња. Ќе бидеме среќни напролет да ја поздравиме Северна Македонија – изјави таа на брифингот.

Според неа, државата завршила огромна работа спроведувајќи неопходни реформи за да одговори на барањата на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот