НАТО ќе ја менува политиката поради хибридни закани од Русија?

Се очекува НАТО да ја промени својата политика поради евентуални хибридни закани кои доаѓаат од Русија, пренесува „Спутник“.

Како што наведува руската агенција, во документот „Одредување на обемот на надлежностите на НАТО“, посебно внимание е посветено на ограничувањето на Русија во источна насока.

Се оценува дека НАТО треба да формира заедници имуни на хибридни закани кои доаѓаат од Русија, а покрај тие заедници, треба да бидат вклучени и органите на локалната самоуправа, како и приватниот сектор.

Ова, пред сè, се однесува на земјите кои не се членки на алијанста, а веќе имаат искуство во тие области, како Шведска и Финска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на суверени земји и порача дека тоа претставува најголема безбедносна закана за Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот