НАТО Караванот денеска во Скопје и Битола

НАТО Караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции денеска продолжува во Скопје и во Битола.

На Факултетот за безбедност во Скопје ќе биде оджана дебата со студенти на тема „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: цели, предизвици и можности”, на која ќе говорат претседателот Стево пендаровски и амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс.

Во Битола, пак, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО”.

На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор во С.Македонија, Дир Јан Коп.

Покрај панел-дискусијата, предвидени се и дебати за НАТО со средношколци и студенти во Битола.

Настаните што се одржуваат во рамки на НАТО Караванот кој поминува низ повеќе градови во земјава, им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, како и улогата на Алијнсата во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции е проект спроведуван од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на РСМ.с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот