НАТО ја мобилизира својата научна мрежа за борба против Ковид-19

Главниот научник на НАТО, доктор Брајан Велс го промовираше „Предизвик на главниот научник на НАТО”, во кој повикува на решенија за откривање на вирусот, подобрена свест за ситуацијата, деконтаминација, флексибилност и иднината после Ковид-19.

Предизвикот е испратен до повеќе од 6.000 научници во мрежата на НАТО. Предлозите, од истражувачки написи до прототипи, се очекуваат до крајот на април. Со работата со сојузниците од НАТО, партнерите и персоналот, Канцеларијата на главниот научник ќе помогне најдобрите предлози да се претворат во реалност.

Организацијата за наука и технологија на НАТО го поддржува одговорот на Ковид-19 и на други начини. Таа формираше класифицирана платформа за соработка, каде научниците од сојузничките и партнерските нации можат да споделат придонеси за одговор на кризата. Размената на знаења и потенцијални решенија ја олеснува и Канцеларијата за поддршка на соработката на НАТО во Париз, која ги координира релевантните истражувања, вклучително и сценарија во виртуелна реалност за итна медицинска помош, намалување на животниот век на вирусите со третирање на површини и ткаенини со полимерна обвивка и ласерско тестирање на примероци од плунка примероци.

НАТО ги користи и можностите на сопствената лабораторија, Центарот за поморско истражување и експериментирање во Ла Специја, кој спроведува ново истражување со големи анализи на податоци, моделирање и симулација за донесување одлуки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот