НАТО испраќа борбени авиони и бродови во Бугарија и на Балтикот за заштита од можен руски напад врз Украина

Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

НАТО денеска соопшти дека испратиле уште борбени авиони и бродови во источна Европа, додека Русија продолжува да трупа војска на границата со Украина. Од алијансата велат дека со ова го засилуваат своето присуство во областа на Балтичкото Море. Според нив, уште неколку членки на НАТО понудиле свои војници и опреми.

Шпанија соопшти дека ќе ја засили поморската моќ на НАТО со уште бродови и дека размислува да испрати борбени авиони во Бугарија. Данска ќе испрати фрегата во Балтичкото Море и ќе распореди воени авиони „Ф-16“ во Литванија. 

„И Франција е подготвена да испрати војска во Бугарија. Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки за да ги заштитиме и одбраниме нашите сојузници“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Велика Британија го следеше примерот на САД и почна да повлекува дел од персоналот во својата амбасада во Киев, откако Вашингтон предупреди дека руска инвазија би можела да почне во секој момент. Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако распореди 100.000 војници покрај границата.

„Сите членки на Европската Унија се обединети. Покажуваме досега невидено единство околу ситуацијата со Украина, во силна координација со САД“, изјави шефот на надворешната политика на ЕУ, Хосеп Борел, додавајќи дека засега не го повлекуваат својот персонал од Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот