НАТО: Досега најмалку 20 загинати на аеродромот во Кабул

Инцидент во Кабул фото МИА

НАТО соопшти дека најмалку 20 луѓе загинале на аеродромот во Кабул и околу него, пренесува Скај њуз.

– Најмалку 20 лица загинаа во изминатата недела за време на евакуација во и околу аеродромот во Кабул, изјави денеска претставник на НАТО, кој побарал да остане неименуван.

– Кризата пред аеродромот во Кабул е трагедија. Нашиот фокус е на евакуација на сите странски државјани што е можно поскоро, рече официјалниот претставник, пренесува Скај њуз.

Толпата луѓе се зголеми пред аеродромот во последниве денови, со што се отежнуваат операциите за евакуацијата на САД и другите држави кои сакаат да ги повлечат своите дипломати, цивили и Авганистанци од државата преземена од талибанците.

– Нашите сили одржуваат строга оддалеченост од надворешните области на аеродромот во Кабул за да спречат судири со талибанците, додаде официјалниот претставник.

Претходно денеска, британската војска соопшти дека седум авганистански цивили загинале во големата турканица во близина на аеродромот во Кабул, поради хаосот што настана во градот откако жителите почнаа да бегаат од талибанците, кои ја презедоа контролирата врз владата.

Американските медиуми наведуваат дека околу аердромот е настаната општа турканица, а имало и повредени, особено кога талибанците пукале во воздух, со цел да ги избркаат луѓето што сакале да се качат на секој авион што го напушта Кабул.

Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение наведува дека „условите на терен остануваат многу предизвикувачки, но дека Велика Британија останува посветена да стори сé што е можно за да ја подобри ситуацијата и се да биде безбедно, колку што тоа е можно”, јави „Скај њуз”.

Аеродромот од изминатата неделата е главната точка за бегство за илјадниците Авганистанци, кои бараат засолниште од талибанците надвор од земјата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот