13 C
Скопје

Наташа Пеливанова е избрана за претседател на Советот на Општина Карпош

Наташа Пеливанова, која е член на Советот од редовите на СДСМ и заменик градоначалник на Општина Карпош, денеска е избрана за претседател на Советот на Општина Карпош.

Пеливанова, како што информираат од Општина Карпош, членува и во Комисијата за урбанистичко планирање, Комисија за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисија за прописи при Советот на Општината.

На денешната онлајн седница Советот на Општина Карпош ја одобри одлуката за доделување на стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти за учебната 2020/2021 година.

Со оваа одлука им се доделуваат стипендии на 20 талентирани ученици и спортски стипендии за пет спортисти-ученици од општинските основни училишта од Карпош. Предвидено е да се доделат 3.000 денари од прва категорија на 14 талентирани ученици и во втора категорија, по 2.500 денари на шест ученици од основните училишта во Карпош. Додека пак, четири спортисти од прва категорија ќе добијат по 3.000 денари, а само еден спортист-ученик ќе добие стипендија во износ од 2.500 денари.

Советниците одобрија и 100.000 денари за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишна возраст, со цел развивање и унапредување на методологијата на работа во предучилишните установи.

Инаку на денешната седница, советниците дадоа согласност за долгорочно домашно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP 2). Со оваа одлука, Општина Карпош ќе потпише договор за подзаем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со вториот Проект, за подобрување на општинските услуги кој ќе биде финансираан со заем од Меѓународна Банка за обнова и развој – Светска банка, во висина од 16.646.946 денари, со цел финансирање на капитален инвестиционен проект, реконструкција на улици во Карпош 1 и Карпош 2.

Одлуката за намера за поднесување на концептна нота на Општина Карпош во рамки на проектот „ЕУ за општините” , беше изгласан и одобрен од советниците на денешната седница на Советот на Карпош. Основата на проектот е да се овозможат вендинг машини за граѓаните, и преку рециклирање да заработуваат. На овој начин, карпошани уште повеќе ќе се мотивираат за да рециклираат, правилно да го одложуваат отпадот, но и да се овозможи заштита на животната средина.

Во рамки на овој повик, како што е наведено во соопштението од општината, се аплицира и за набавка на механизација за кабаст отпад. Односно, набавка на едно возило и четири мобилни контејнери кои ќе се поставуваат по населбите, за граѓаните во истите да фрлаат мебел и покуќнина.

На денешната 50-тата седница на Советот беше изгласана и Предлог-одлуката за прецизирање на Одлуката за одобрување средства на лица со попреченост од подрачјето на Општината, по повод 3 Декември – Меѓународен ден  на лица со попреченост.

Поврзани вести

ВИДЕО I Силна бура во Хрватска: Илјадници громови удрија во Истра

Слободен печат

Филипините ги враќаат подарените 1000 дози кинески вакцини: Немале одобрение

Слободен печат

Војниците на Беливук откажуваат послушност: Почнаа да откриваат сè за злосторствата на кланот

Слободен печат

Трагедија заради селфи? 20 годишно момче од Војводина се качи на вагон, го убија 25.000 волти

Слободен печат

Русковска: Во „27 април“ нема обвинети, ниту се одговара за дело тероризам

Слободен печат

Лукашенко: Белорусија разви своја „жива“ вакцина против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар