Наташа Малинкова: Најважно е кожата да биде добро хидрирана

Консумирањето вода е многу важно за негуван изглед на кожа, вели нашата поп пејачка Наташа Малинкова.  

Поп пејачката со атрактивен изглед, Наташа Малинкова, е една од најактивните наши естрадни ѕвезди кога се во прашање настапите. Таа е и мајка и сопруга, домаќинка која ужива да готви, а тоа, како што вели, си бара и енергија и кондиција. Секако, настапите се напорни и исцрпувачки, бараат многу концентрација. Но Наташа и дополнително вежба и пешачи за фит-изглед.

Еве како се негува, ама пред сè, потенцира дека водата е многу важна за негуван изглед на кожата.

– Негата на лицето и на кожата на целото тело, за мене, е еден од најважните ритуали и го практикувам секојдневно. Имам нормална кон сува кожа и затоа редовно правам професионални третмани и се консултирам со мојот козметолог.  Најважно ми е кожата да биде добро хидрирана. Практикувам професионални третмани со пилинг, редовни масажи, ампули со кислород, маски од алги и маски богати со витамини соодветни за мојот тип на кожа. Редовно правам лимфна дренажа на тело со „ел-пи-џи“ третманот, кавитација и детоксикација со третман со алги. За нега на лице пак, користам третмани со криотерапија, козметички третмани со апарати со висока фреквенција, кислородни третмани, микродермоабразија и хидратретмани на лице.

На исхраната не внимавам, но не јадам слатки, вели Малинкова.

Дел од нејзиното мени се тестенините, житарките, зеленчукот, месото и домашно подготвената храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот