Наташа Беквалац повторно со хит изјава: „Ако не сакате сопругот да ве изневери – немате сопруг“

Наташа Беквалац
Instagram

Веќе одамна на социјалните мрежи кружи трендот „Која изјава од Наташа Беквалац сте вие?“

Српската пејачка Наташа Беквалац честопати знае да се шегува на сметка на своите љубови со несреќен крај и трите неуспешни брака зад себе.

Instagram

Веројатно овој пат имала посебна инспирација, нејзината најнова изјава стана вистински хит.

Пејачката објави нејзина фотографија на која носи венчаница, посакувајќи им добро утро на своите следбеници со една интересна изјава.

„Ако не сакате сопругот да ве изневери – немате сопруг. Добро утро“, напиша Беквалац.

Нејзината изјава ги насмеа нејзините следбеници и за многу кратко време почна да се споделува и коментира на социјалните мрежи.

Instagram

Инаку, Беквалац е позната по ваквите изјави кои никогаш не поминуваат незабележани.

Наташа Беквалац беше во брак со бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ, Љубомир Јовановиќ и Лука Лазукиќ со кој е во процес на судење поради семејно насилство. Од претходните бракови таа има две ќерки, Хана и Катја.

Instagram
Фото: Инстаграм
Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот