Наташа Беквалац на „ремонт“: Пејачката си стави поцврсти гради (ФОТО)

Наташа Беквалац

Наташа Беквалац стави нови силиконски гради. Поп-пејачката реши по седум години да оди на „ремонт“ на деколтето и старите „близначки“ да ги замени со поубави и поцврсти.

– Наташа води сметка за својот изглед и за тоа одлучи да ги замени силиконите кои ги стави во 2012 година. Беше во една белградска клиника и таму ја направила интервенцијата. Беквалац го искористи овој период кога нема многу настапи за да ги замени силиконите, бидејќи наскоро почнува со подготовки за големиот солистички концерт, кој е закажан за на 14 февруари во Белградска арена – вели извор близок на пејачката и додава:

 

View this post on Instagram

 

Spremna?

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

– Моментално се опоравува. Операцијата помина во најдобар ред. Сестрите Кристина и Драгана и помагаат околу помладата ќерка Катја, па така прашање на време е кога Наташа ќе се врати на секојдневните обврски.

Според зборовите на изворот, пејачката не сакала да ја менува големината и обликот на силиконите.

– Наташа не сака претерано големи гради, па побара новите силикони да изгледаат поприродно. Има исти гради како и пред тоа, само што се поцврсти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот