Натали Портман непрепознатлива во новата улога во филмот „Thor: Love and Thunder“

Претстојниот американски филм за суперхерои „Thor: Love and Thunder“ периодов се снима во Австралија, пишува „The Indian Express“.

На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од снимањето кои откриваат нови детали за филмот и покажуваат како ќе изгледаат актерите во нивните ликови.

epa-efe
EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

На новите фотографии од снимањето на филмот, за прв пат може да се забележи Натали Портман која изгледа сосема непрепознатливо. Нејзините обожаватели за прв пат имаа прилика да ја видат актерката во едно поразлично издание.

Филмот ги продолжува авантурите на Крис Хемсворт од „God of Thunder по Avengers: Endgame“. А Натали Портман се враќа во улогата на Џејн Фостер и овојпат ќе ја поседува моќта на магичниот чекан на Тор.

На фотографиите актерката има видливи физички промени за потребите на улогата. Нејзините обожаватели претходно беа воодушевени дека токму таа ќе го отелотвори ликот на Фостер.

„Отсекогаш сум ја сакал Натали. Уште кога глумеше во филмовите на „Star Wars“, кои ги гледав како дете. Таа ќе биде феноменална во оваа улога“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Филмот е базиран на ликот на марвеловиот Тор, кој е во продукција на „Marvel Studios“ и дистрибуција од „Walt Disney Studios Motion Pictures“.

„Thor: Love and Thunder“ ќе биде 29-тиот филм на„Marvel Cinematic Universe“, а премиерата е предвидена за февруари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот