Заглавениот танкер кај Маврициус испушти 1.000 тони нафта, сега може и да се преполови (ВИДЕО)
Пред да настапи лошото време кое го запре чистењето, нафта се вадеше од бродот и се пренесуваше со хеликоптери на брегот или во друг танкер во сопственост на истата компанија.
На танкерот кој на 25 јули се заглави на коралниот гребен во Индискиот океан кај Наврициус, се појавиле пукнатини и изгледа дека ќе се преполови, објави Би Би Си.
Дека танкерот ќе се преполови поради големите пукнатини кои се појавиле, извести и премиерот на Маврициус, Кумар Џугнаут.
Инаку, јапонскиот танкер Вакашио кој се заглави на коралниот гребен е долг 299,5 и широк 50 метри и има 20 членови на екипажот.
Танкерот плови под знамето на Панама, а сопственик е Окијо Марин, подружница на Нагашики Шипинг. Се верува дека бродот превезувал 4.000 тони гориво. Се стравува дека во водите кои го опкружуваат Маврициус истекле најмалку 1.000 тони нафта.
Од него се излева нафта која предизвикува еколошка катастрофа зошто ги загрозува коралите, рибите и останатиот морски свет во Индискиот океан, а активисти од Гринпис јавуваат дека тоа ќе биде, веројатно најлоша еколошка катастрофа во историјата на Маврициус.
Поради силните ветрови кои почнаа да дуваат во подрачјето на кое е заглавен бродот, запрена е операцијата на чистење на нафтата.
Високи бранови и до 5 метри, се очекуваат во наредните часови што дополнително ќе го отежне отстранувањето на нафтата, но и ќе го зголеми ризикот заглавениот брод да се преполови.
Пред да настапи лошото време кое го запре чистењето, нафта се вадеше од бродот и се пренесуваше со хеликоптери на брегот или во друг танкер во сопственост на истата компанија.
Освен тоа, помагаа и волонтери кои настојуваа да направат премини низ кои нафтата која се излеваше од јапонскиот танкер Вакашио да се насочува што подалеку од островот.
Владата во четвртокот објави дека нафта истекува од пукнатини на трупот на бродот за превоз на течен товар, а премиерот Кумар Џугнаут прогласи вонредна состојба и побара меѓународна помош.
„Ќе потоне Вакаши и тоа претставува нова опасност за Маврициус“, рече Џугнаут.
Од компанијата Нагасаки Шипинг во чија сопственост е танкерот Вакашио, велат дека и самите се таму и ангажирани околу пловилото и се обидуваат да постават заштита за да се спречи истекувањето на нафтата, но дека тоа не им успеало поради лошото време. Исто така дел од горивото со хеликоптери го префрлиле на друго место.
„Правиме се што е можно во соработка со властите во Маврициус и наделжните јапонски организации да ја испумпаме нафтата од бродот, да ја исчистиме нафтената дамка и на безбедно да го преместиме бродот“, соопшти компанијата.