Настрешницата-убиец немала доволно столбови

Foto: EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Српскиот професор Илија Кајтез, криминолог и социолог, зборуваше за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, која ја потресе цела Србија, но и регионот. Како што тој истакна на самиот почеток, структурата односно настрешницата која се урнала денес е стара повеќе од 60 години и немала доволно столбови.

“Несреќната ситуација тука е таа огромна плоча, која на едната страна немаше столбови за поддршка рече професорот Илија Кајтез

За Blic.rs зборуваше и за одговорноста за овој случај.

“Треба да се направи проценка од луѓе кои се професионални, обучени, образовани. Ние не можеме да бидеме семоќни, но мора да имаме таков вид на свест дека сите оние кои гарантираат нешто, проверуваат нешто, тие треба да се грижат – рече соговорникот на Blic TV.

Дали експертите треба да одат на терен почесто, Кајтез со одговор:

– Се разбира. Тоа е човечка одговорност. Кога правиш нешто, кога потпишуваш нешто, не можеш да го гледаш тоа на толку безгрижен начин, бидејќи тоа е она што јас ги учам моите ученици. Еве еден пример за тоа како нечија недоволно професионална работа, или недостаток на грижа, или недостаток на прецизност и внимание, или недоволна контрола, резултира трагично. Значи, ние мора да разбереме дека животите на другите луѓе зависат од нашето однесување, дополни тој

Експерти: Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад беше смело и необично архитектонско решение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот