Настинати сте? Еве ги најважните митови за лекувањата на „своја рака“

За да не бидете во заблуда и сами, на „своја рака“ да се лекувате погрешно, еве ги најважните 7 митови за грипот и настинките.

Килограм цитрусно овошје нема да ви помогне

Односно, витаминот Ц. Иако, многумина тврдат, дека витамин Ц-то ќе ве крене од кревет, фактите зборуваат дека килограмите цитрусно овошје нема да ја спречат настинката. Цитрусното овошје е одлично за превенција од грип и настинки, ама кога веќе тие се тука, –  витаминот Ц може само, до некаде, да го скрати времетраењето на настинката, но, за жал, не може да ги ублажи симптомите.

Топла просторија

Престојувањето во топла, затворена просторија, ни дава поголема веројатност да настинеме отколку престојувајќи надвор на чист воздух, иако постои верување дека ако сме надвор на студено, ќе настинеме. Фактите покажуваат дека најчести извори на вируси се токму затворените простории.

Пилешка супа

Кога човек е настинат, „душата“ му бара врела супа. Ама, дали пилешката супа ги олеснува симптомите на грип и настинки? Освен што има „плацебо ефект“ (затоа што сме убедени дека нè лекува), пилешката супа навистина ги прочистува дишните патишта.

Антибиотици

Многу распространето е мислењето дека антибиотиците лекуваат настинка, но сепак, станува збор за мит. Антибиотиците се наменети за лекување на бактериски заболувања, а грипот и настинките, за жал, не влегуваат во таа група.

Влажна коса 

Грипот не се добива од влажна коса. Секако, ова не е препорака среде есенва да излегувате со влажна коса, надвор. Новите истражувања потврдиле дека неисушената коса и ладното време немаат никаква врска со грипот. А, имаат врска (само) со настинката. Како што е познато, грипот е предизвикан од вирус.

Бакнување

Поголем дел од инфекциите влегуваат во организмот преку носот и очите, а не преку устата. Всушност, едно истражување покажува дека само 8 отсто од луѓето се разболеле зашто се бакнувале со личноста која била „грипозна“. Многу посигурно е да се бакнете со некој кој е разболен, отколку да се ракувате со него, тврдат микробиолозите. Затоа е многу важно во борбата против грипот да ги миете често рацете.

Вежбање

И да и не. Физичката активност е добра за имунитетот. Ако редовно вежбате нема потреба да престанете да вежбате за време на настинката, освен ако имате висока температура и се чувствувате малаксано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот