Настеска: Планинарењето е најдобрата зависност, желба ми е Килиманџаро (ВИДЕО)

И во време на КОВИД-19 наѓавме време да прошетаме по планините. Но, во овој период сфатив дека колку повеќе ограничувања има човекот, толку повеќе има потреба да се спротивставува на истите, изјави планинарката Розе Настеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Желба на Настеска е да го искачи Килиманџаро.

-Најчесто сум планинарела во околните земји. Од поинтересните би ги издвоила оние во Турција, Мароко и Иран. Оваа година имам планови но сите се ставени сега под знак прашање. Планирана желба ми е Килиманџаро.

Јас секогаш на шала велам дека планинарењето е најдобрата зависност, вели Настеска и додава дека за жал луѓето кај неодговорно се однесуваат и не ја почитуваат планината.

Повисока свет на луѓето за загадување и уништување на природата.

-Не сакам да зборам колку дрвокрадци има и неодговорни луѓе кои со себе носат отпад и го расфрлаат по природните убавини. Се надевам дека совеста конечно ќе проработи кај нас, додава Настеска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот