15 C
Скопје

Наставните програми готови, што ќе учат првоодделенците од септември?

Новите наставни програми се интересни, ќе видиме како ќе изгледа тоа во пракса, вели Кирил Велевски за „Слободен печат“, родител на дете кое од септември ќе биде првооделенец, а всушност е дел од генерацијата која ќе учи според новите реформи.

– Ги видовме сите теми кои ќе се обработуваат на часовите, а најмногу ми се допаѓа тоа што по македонски јазик конечно учениците ќе имаат практична работа уште од прво одделение – додава Велевски, потенцирајќи оти се надева дека со новиот концепт ќе се подобри образованието.

МОН веќе ја усвои наставната програма, а по обуките на наставниците, од септември таа ќе започне да се спроведува и на дело.

Она што може да се види според темите е дека предметите македонски и математика ќе се изучуваат по пет часа во неделата, а по македонскиот јазик темите се поделени во четири точки и тоа: Слушање и зборување 2. Почетно читање и пишување 3. Литература, изразување и творење 4. Медиумска писменост и медиумска култура.

По математика пак, ќе се изучува геометрија, броеви и броење, операции со броеви, мерење и работа со податоци, додека по предметот природа ќе се изучува човекот и човечкото тело, живи суштества и материјали, а учениците ќе го имаат овој предмет два пати во неделата.

Предметот општество на кој ќе се изучуваат темите од типот „јас сум дете, јас сум ученик, мојот дом“, ќе се изучува секоја недела по еден час, а покрај овие предмети учениците ќе изучуваат уште и по два часа неделно англиски, ликовно еден час во неделата и физичко три часа неделно.

Идеја е наставникот при предавањата да користи разни предмети, како и фотографии по што на еден практичен начин ќе им објасни различни поими на учениците, за што тие во текот на летото ќе добијат соодветна обука.

Согласно планот, новиот концепт треба да се примени во прво, но и четврто одделение, но за нив се уште не се донесени наставните програми.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар