Наставник на учениците им дал тест во чест на Коби Брајант

twitter/Comicbook.com

Наставник во шпанската Гранада на учениците во четврто одделение им дал тест со четири математички прашања поврзани со трагично загинатата НБА ѕвезда.

Трагичната смрт на Коби Брајант минатиот месец го шокира целиот свет, а еден наставник во Шпанија на свој начин му оддаде почит на легендарниот кошаркар.
Наставникот Николас Мегиас, им даде тест на своите ученици и го нарече „24“ во чест на Коби Брајант.

„Ова е тест кој Николас Мегиас им го даде на своите ученици во основното училиште Салесианос во Гранада. Што мислите вие?“, напиша на својот Твитер профил, новинарот кој притоа ги приложи и прашањата.

– Во последниот натпревар Коби Брајант постигна шест тројки, 10 слободни фрлања и 16 шута за два поени. Колку поени постигна на тој натпревар?, е првото прашање.

– Во НБА кариерата, Коби постигна 33.643 поени за 20 сезони. Доколку секоја сезона постигнуваше ист број на поени, колку поени би постигнувал секоја сезона?, е второто прашање.

– Коби една сезона просечно постигнуваше по 27 поени на 73 натпревари во регуларната сезона и 29 поени на 23 натпревари во плејофот. Колку поени постигна таа сезона?

– Во 20 години колку што беше во НБА, Коби и неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс одиграа вкупно 1.592 натпревари, загубија 649. На колку натпревари победија во тие 20 години? Колку одиграни натпревари им недостасуваа за да остварат 1.000 победи?, е четвртото прашање на тестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот