Наставниците седнаа на клупите во „Борис Трајковски“

Вакцинален пункт Борис Трајковски - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Наставниците што држат настава со физичко присуство во основните училишта во земјава, за ученици до трето одделение, станаа дел од приоритетната група на граѓани за вакцинација. Тие се најдоа на списокот за имунизација во најголемиот вакцинален центар во земјава – салата „А1 арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Пред неколку денови претседателот на Самостојниот синдикат за образование и наука Јаким Неделков реагираше дека, покрај негувателките во градинките, и наставниците што имаат непосреден контакт со учениците треба да бидат ставени во приоритетната група граѓани за вакцинација.

– СОНК побара од ресорните министри и од Владата, вработените во образованието, науката и културата да бидат приоритетни при вакцинирање против ковид-19 –  реагираше Неделков.

Како што дознава „Слободен печат“, наставниците што држат настава со физичко присуство веќе имаат свои термини за имунизација, а први вакцината ја примаат наставниците од основните училишта во Карпош.

– Засега вакцинацијата тече во најдобар ред, нема голем застој, наставниците се задоволни –  велат од Општина Карпош за „Слободен печат“, каде што од завчера започна процесот на вакцинација на просветните работници.

Од сите десет основни училишта во рамките на општината има голем број заинтересирани наставници за вакцинација.

– Откако први ќе ја примаат оние што држат настава на учениците до трето одделение, потоа ќе следува вакцинација и за другите – додаваат од Општина Карпош.

Целиот процес е во координација со Министерството за образование и наука.

– Вакцинацијата е дел од планот за имунизација, наставниците се организирани преку Министерството за образование и наука. По основните училишта од општината, очекуваме вакцинацијата да продолжи и со вработените во градинките – велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот