Наставниците се собраа пред СОНК: Не се задоволни од понудените 12 проценти

Наставници пред СОНК, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Голем број наставници се собрани пред седиштето на СОНК. Никој од нив не сака да заврши штрајкот и да се прифати понудата од зголемување на платите од 12 проценти која вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков ја договори во Владата.

Вознемирените наставници излезе да ги смири самиот Неделков кој демантираше дека е постигнат договор за прекин на штрајкот.

– Во 16 часот имаме совет на СОНК. Доколку мнозинство од членството се изјасни дека е прифатлива понудата, штрајкот ќе се прекине. Вашето незадоволство ве повикувам да го искажете денес, утре и задутре на протестот на КСС во 16 часот пред Собрание, рече Неделков.

По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот.

Наставниците не само што добија понуда за покачување на платата за 12 проценти, туку и добија ветување дека до крајот на 2023 година ќе се воведе регрес на плата за наставниот кадар, а ќе се усогласи и методологијата за целиот сектор образование од први јануари 2023 година.

Шаќири: Не ми е важно како, наставната програма сакам да се реализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот