Наставниците од Австрија не сакаат да ги почитуваат мерките, досега 25 отпуштени од работа
Во Австрија, од почетокот на пандемијата, 25 наставници се отпуштени од работа бидејќи одбиле да ги почитуваат препораките од владата за справувањето со коронавирусот, пренесува Австрија Локал.
Тие не сакале да носат маски, ниту да бидат тестирани, односно одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето.
Најголем број отпуштања имало во Долна Австрија, каде што осум наставници биле отпуштени.
Во Виена, пет наставници биле отпуштени, исто колку и во малата провинција Ворарлберг.
Во Горна Австрија, тројца наставници биле отпуштени затоа што не сакале да носат маска за време на часовите.
Во Стирија, Салцбург и Каринтија, еден наставник бил отпуштен, а друг одлучил да оди на суд.
Само во Бургенланд и Тирол немало отпуштања на наставници поради непочитување на мерките. Но, во Тирол, тоа не значи дека нема отпор против мерките за корона во училиштата.
Училиштата се обиделе да постигнат решение со лични разговори со наставниците кои ги одбиле мерките, а во поединечни случаи, во кои тоа не беше можно, беше применета суспензија.
Заканата за суспензија во Тирол функционирала, иако неколку наставници одлучиле да заминат на неплатен одмор.