Наставници и професори од повеќе училишта добитници на признанието „Просветен работник на годината“

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Единаесет наставници, професори и воспитувачи од повеќе основни и средни училишта, како и градинки на територијата на Република Северна Македонија се добитници на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година.

По повод 5 Октомври, Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, по претходен конкурс, додели Признанија и плакети на истакнати просветни работници за учебната 2020/2021 година.

Од предучилишното образование – категорија воспитувачи добитници се м-р Љиљана Крстевска, и Биљана Лотеска, воспитувачи од Градинка „Детска радост“ – Скопје. Од основното образование во категорија одделенска настава добитници се м-р Весна Недановска, одделенски наставник од ООУ „11 Октомври” – Скопје и Анета Велкоска, одделенски наставник од ООУ „Браќа Миладиновци” Скопје, и од категорија предметна настава добитници се  м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик од ООУ „Владо Тасевски”- Скопје и Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка,

Од средното образование добитници на признанието се м-р Стојан Манолев, професор по физика од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, а од просветните работници од стручни служби на различни нивоа – средно образование Валентина Костова-Дамчевска училишен педагог од ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје и од предучилишно образование Елизабета Симоновска, педагог во ОЈУДГ „Астибо“ – Штип.

Оваа година Сојузот на просветните работници со оглед на специфичноста на перидот предизвикан од пандемијата од ковид-19, а вреднувајќи го ангажманот на сите кандидати, на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија со цел да бидат на соодветен начин наградени и кандидатите кои не добиваат Признание за просветен работник на годината, а согласно нивните приложени професионални референци, додели и две дополнителни Признанија за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес, на кандидатите за учебната 2020/2021 година.

Од основно образование – одделенска настава добитник на ова признание е Весна Гагалоска, од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, наставник по одделенска настава, за остварени резултати во менторство на учениците во натпревари на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво во основно образование, за учебната 2020/2021 и Хилда Димитиревска, од ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово, наставник по одделенска настава, за учество на едукативни семинари и добиени сертификати и дисеминации во основно образование за учебната 2020/2021 година.

Во соработка со Министерството за образование и наука, на годинашните добитници на признанието Просветен работник на годината за 2021/2021 им беа доделени плакети за вонредени ангажирања и придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност на работното место, а на добитниците на Признанија за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес им беа доделени плакета за конкретни достигнувања и придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност на работното место.

Извор: МИА

ВИДЕО | Царовска: Неизмерна благодарност до сите просветни работници за посветеноста во услови на пандемија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот