10 C
Скопје

Наставнички од „Х. Т. Карпош“ и годинава се откажаа од подароците за 8 Март и празникот им го посветија на заболените од Вилсон

По повод празникот на жената – 8 Март, децата од 3б одделение од ОУ „Х.Т. Карпош“ по трет пат спроведоа хуманитарна акција „Љубов за Дамјан” и собраа пари кои ќе ги донираат во здружението за подршка на лица со ретка болест Вилсон.

Наставничките Оливера Павловска и Татјана Велкова од Скопје и оваа година одлучија празникот 8 Март, наместо со подароци, да го одбележат со хуманитарна донација. Тие писмено ги известија родителите, доколку мислат да одвојат пари за да им купат подароци, парите да ги наменат за хуманитарни цели.

– Доколку сте планирале какви било средства да одвојувате за наставничките по повод 8 Март би Ве замолиле средствата да ги уфрлите во кутија за донации за лекување на ретки болести која е поставена во училиштето како дел од хуманитарната акција која ја спроведуваат ученицитe. Најголем подарок за наставничките е љубовта и почитта која ја добиваат од своите ученици, пишува во пораката која ја добија родителите.

Прочитајте и...  Лажен агент за недвижности 6 пати продал ист стан, агенциите загрижени за својот углед

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар