Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

Е-учење. / Фото: Архива на Слободен печат

И на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование.

Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови.

Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме  својата работна задача, онлине предавања,спремање на тестови,прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и  во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како; ZOOM conference,Google Classroom,Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште,неделни извештаи за одржување на онлине часови,водење на електронски дневник,тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи.Ние не сакавме  ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава,а ни учениците и родителите.

Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава. Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување. Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме. Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците.
И на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование ( минат труд, класно раководство, додаток за менторство и работи во тешки услови).
Затоа голем дел на наставниците се изјаснија дека не се задоволни од одлуката за кратење на платите во секторот образование и се неприфатливи за голем дел од вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот