Наставата од дома може да бидa забавнa: Второодделенка од Прилеп напиша песничка

-Со оглед на новонастанатата ситуација, имаме неприменувана форма на настава која треба да се одржува. Со моите ученици започнав еден вид на настава преку социјалните мрежи, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Гоце Петровски, учител од Прилеп.

Новиот начин на настава, создава и нови искуства, па така е и примерот со песничка напишана од негова ученичка.

Работам со второодделенци и со помош на родителите им пишувам што треба да учат. Се случи интересна ситуација, па така една ученичка напиша една песничка:

Седиме дома со книга во рака
Совладуваме таблица без мака
Со седење дома од Корона се штитиме
И за нашето здравје се грижиме

Сакам да ги поздравам сите ученици. Колку повеќе седиме дома, толку повеќе ќе излеземе надвор, рече Петровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот