Наставата на ФЕИТ продолжува со комбиниран начин на учење

Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска на седница донесе одлука од утре, 18 март, да продолжи наставата со примена на комбиниран начин на учење, според утврдениот распоред на часови за летниот семестар 2019/2020 година.

-За таа цел, во системот за електронско учење на ФЕИТ, е-kursevi, имплементирани се два система за видеоконференции. Исто така, донесена е одлука сите изданија на ФЕИТ (учебни помагала, учебници, збирки задачи, упатства за лабораториски вежби) да им бидат достапни на студентите преку порталот за електронско учење, информира ФЕИТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот