Настапи есента, следуваат локални дождови и пониски температури

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со повеќе сончеви периоди, а ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. Во недела и понеделник ќе биде променливо облачно и се уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд.

Времето и во декот на денов ќе биде шроменливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот